Велешките извидници волонтираа на ФМ Талент 2013

На 21.09.2013 год. (среда) во Амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес се одржа финалето на првиот радиски фествал ФМ Талент 2013. Во големото финале се натпреваруваа седум учесници со што имаа можнос пред огромната публика да интепретираат по една песна. По гласањето од публиката во Анфитеатрот, гледачите на Канал 21 и слушателите на 5фм радио како и гласовите од жирито , победник на првиот ФМ Талент беше Стефани Алчева. Победникот ја доби можноста да ја започне професионално својата кариера со што ќе и  се напише специјална песна, ќе се снима во продукција на Зоран Алексиќ, и притоа ќе се снима и видео запис за истата. Во ревијалниот дел на фестивалот настапија групата Ла Манш, Мики Секуловски, Орхидеја Дукова, виолинистката Камелија Дукова, и велешката хард рок атракција групата Кокер. Седум членови на извидничкиот одред ,,Димитар Влахов,, од Велес волонтираа во проектот ФМ Талент. Нивна задача беше поставување на сцената за учесниците на ФМ Талент  и бендот што ги придружуваша во нивното пеење. Исто така ја поставија целата аудио-визуелна техника, како и уредување на влезовите со барикади. На самиот крај на финалето извидниците ги броеја гласовите од публиката во Амфитеатрот. Волонтерите од извидничкиот одред ,, Димитар Влахов,, од Велес беа во состав : Мартин Јовев, Јане Јанков, Мартин Јошевски, Стефан Алексовски,  Фатиме абдулова, Слободанка Арсовска и Елена Мејанџиева. Ние извидниците и го честитаме освоеното прво место на Стефани Алчева и се надеваме дека овој радиски фестивал ќе прерасне во традиција.

Јане Јанков

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.