Велешките извидници на 11 Смотра на СИМ

Членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес земаа учество на  11-та интернационална смотра на извидници што од 20 до 28 јули ќе се одржи во село Скребатно, Охридско. Организатор е Сојузот на извидници на Македонија. Смотрата се одржува под мотото „Засекогаш млади“. Настанот е под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, началникот на Генералштабот на АРМ генерал Горанчо Котески и Агенцијата за млади и спорт. Генерален спонзор на смотрата е П.И.„Витаминка“ А.Д. Прилеп. На смотрата присуствуваат 400 извидници од сите категории што ја прави оваа смотра најголемиот младински настан за 2013 година во Република Македонија. Програмските активности ќе бидат поделени во четири главни области – култура и традиција, 60 години извидништво, авантура и природа и забава и креативност. Во состав на овие области ќе бидат изведени повеќе од 40 активности.

Локациите на спроведување на програмата се околината и содржината на кампот во село Скребатно, Извиднички центар Охрид, градот Охрид и туристичките атракции, околината на село Скребатно, село Лескоец, село Косел, северен дел на национален парк Галичица, село Отешево, Стење и Голем град. В недела на 21.7.2013 гог. во Античкиот театар во Охрид се одржа отворањето на Смотрата на кое се обрати претседателот Ѓорге Иванов, претставник на Агенцијата за млади и спорт, како и Андреа Демарелс од Европскиот извиднички комитет. Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) е невладина организација што на територија на Македонија работи веќе 60 години на неформалното образование кај младите луѓе.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.