Александар, Милчо, Игор и Стивен денес на 18.5.2014 (недела) од Велес тргнаа за Белград. Велат сега е вистинско време да се покаже хуманоста на дело.Овие млади момци членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ и здружението на граѓани “Гемиџии“ во Белград заедно со нивните колеги извиодници веќе од утре ќе работата на заштитата на градот.
„Се организиравме и еве со автомобил самоиницијативно тргнуваме за Србија. Во Белград не чекаат нашите пријатели извидници, што можеме да помогнеме ќе работиме, дали ќе треба вреќи да полниме со песок или нешто друго сеедно е важно е да помогнеме на луѓето кои се во невоља“, рекоа пред тргнување нашите сограѓани. Ѓоргиев, Љутков, Ракиџиев и Бошевски велат дека фотографиите и снимките од поплавените делови во Србија и Босна и Херцеговина биле потик тие да се одлучат на овој чекор. Сигурни се доколу има потреба многу велешани ќе го следат нивниот пример.
Првичните планови на овие момци се во Белград да останат неколку дена и велат таму штом стигнеме ако присуството наше е неопходно деновите не ги броиме остануваме се додека нашата помош е неопходна.
Покрај директната помош на терен, на 17.5.2014 год. (сабота), во рамките на собирната хуманитарна акција на Младинскиот клуб на Фондацијата Фокус во просториите на Фондацијата, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, донираше и еден пакет на прехрамбени продукти (пире, макарони, грав, сол) . А од Шабац во Велес, вчеравечер се вратија четворицата членови на здружението Македонски спасител на вода. Велат глетката била страотна, водата надоаѓала од секаде, најкритично било кога се појавија подземните води, сепак заедно со жителите на Шабац и сите добронамерни луѓе, успеале со натчовечни напори да ја намалат стихијата и да се спаси она што може да се спаси.
редакција на www.scoutveles.org.mk