Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес остваувајќи ја својата програма за работа за 2014 година, зема учество на Националниот извиднички камп “Мисија авантура 2014“, во периодот од 07-16 Август 2014 год. Кампот беше во организација на Сојузот на извидници на Бугарија, а одржан во Меѓународниот извиднички центар Шумен – Шуменско плато. На оваа активност учество земаа стотина извидници од Бугарија, Франција, Германија и двајца членови од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес – Влатко Влахчев и Богдан Маневски кои беа дел од стаф тимот кој ја реализираше средбата.