Делегација на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, на 22.10.2013 год. (вторник) земаа учество на со свечена академија во салата „Бели Мугри”, на која што Општина Велес го одбележа 23-ти октовмри – Денот на Македонската револуционерна борба. Пред точно 120 години, под мотото „Смрт или слобода за Македонија“, шестмина македонски визионери со страст и решителност започнаа да ја шират идејата за создавање на сопствена, самостојна и независна држава. На нивната храброст и решителност денес се темели државноста на Македонија. На денешната свечена академија, свое обраќање имаше градоначалникот Славчо Чадиев кој истакна дека Општина Велес секогаш ќе остане достоен следбеник на големите Македонци. -„Овде во Велес децата ја знаат историјата на својот народ затоа што ние возрасните им ја раскажуваме. Така нека биде и во иднина. Дали низ песна, дали низ приказна, филм или историски час продолжуваме да му покажуваме на светот колку не има, од каде сме, чии сме. А не има доволно да направиме завет, за бурите да не можат да не оддуваат.” – рече градоначалникот Чадиев.
За славното дело на шестмината млади херои кои во 1893 година во Солун ја основаа револуцинерната организација говореше и Слободан Ников, раководител на Државниот архив во Велес. -„Водени се низа разговори и средби помеѓу идните основачи. Биле шестмина на број и во куќата на Христо Батанџиев пред 120 години на 23 октомври 1893 година е формирана ТМРО. Најголем дострел на оваа организација е Илинденското востание.” – истакна историчарот Ников. На Академија присутните имаа можност I да го проследат играно документарниот филм посветен на велешкиот илинденец, Јован Наумов – Алабакот.