
На акцијата се реализираа актвности од забавно-рекреативен и натпреварувачки карактер. Право на учество имаа сите извидници од извидничките одреди низ Република Македонија на возраст од 7-12 години. Во пресрет на Развигорската колонија на ден 12.12.2008 се одржа забава во извидничката просторија на ИО “Браќа Миладиновци“ во Скопје, заради подобро запознавање и дружење на учесниците. На истата учество можеа да земат и извидици од категоријата "помлади извидници" кои немаа право да учествуваат на Развигорската Колонија, ама имаа право на пиење на неограничени количини на безалкохолни пијалоци. Покрај учесниците од скопските одреди, учество земаа и извидници од ИПО “Крсте Јон“ од Струга и извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес.

