Почитувани,
годината која што заминува беше полна со предизвици и голем број на активности. Во оваа 2012 година ги одработиме 27 Средби на извидници, четири дена пловевме со Вардарската рега “Гемиџии“, имавме средба со Американскиот амбасадор г-дин Пол Волерс, со г-нот Ричард Ховит – член на Европскиот Парламент и известувач за Република Македонија при Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, започнавме активности со Мировен корпус и вклучување на Даниел Ден Поликов во работата на одредот како волонтер од корпусот, соработувавме со Британските скаути на кои во месец август им бевме домакини цели десет дена, учествувавме на голем број на одредски натпревари каде што бевме први, втори … учествуваме уште и на многу други активности кои што се во рамките на неформалното образование на младите, организиравме отворен ден со извидниците во Велес, земавме учество на прославата по повод 60 години извиднички одред Мија Станимировиќ во Ниш – Република Србија. Ја продолживме борбата против рестартирањето на Топилницата заедно со Зелената коалиција. Започнавме активности со УНДП како во општина Велес така и во Општина Чашка. Пошумувавме, помагавме, работевме, информиравме, позитивно критикувавме… работевме на промоција на туристичкиот потенцијал на Вардарскиот плански регион… волонтиравме и го поддржувавме волонтерското работење …. се појавивме и на светскиот информативен сервис Ал Џазаира. Ги започнувме подготовките за прославата на 60 роденден на нашиот одред “Димитар Влахов“ … се подготвуваме за 11 Смотра на СИМ … нашиот веб сајт го пролави својот петти роденден.
Во годината која што доага влегуваме во шестата деценија од постоењето на извиднички одред “Димитар Влахов“… почнуваме со подготовките за прослава “60 години извидништво во Велес“ … ја подготвуваме официјалната химна на одред… одредското радио.
А во новата 2013 година повторно ќе останеме на определбата за воспитување и образование на младите од Велес преку реализирањето на нашата одредска програма и младинската програма на СИМ се со цел да придонесеме во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Ке продолжиме со активности кои што извидништвото го прават современо, атрактивно и самоодржливо кое ќе ги обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.
Сакам да се заблагодарам на сите извиднички одреди за коректната и максимално добрата соработка со нашиот одред. Покрај ова сакам да се заблагодарам на Градоначалникот и на Советот на Општина Велес и сите институции кои безрезервно ни дадоа поддршка во реализацијата на сите програмски активности кои беа реализирани од наша страна.
И за крај, старешинството и советот на водачи на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите членови на извидничката организација во Македонија, на сите родители, на сите пријатели и поддржувачи на извидничкото движење, им ги честита Божикните и Новогодишните празници.
Нека ни е честита Новата 2013 година. Да живее Велес, да живее Република Македонија да живее извиднички одред “Димитар Влахов“.
Старешина на ИО “Димитар Влахов“
проф. Ангелче Гушев