На 8.3.2014 год. (сабота) во Голема сала на Општина Велес се организираше средба на Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов. На оваа средба учество земаа голем број на здруженија на граѓани од Велес, мегу кои и извидничкиот одред “Димитар Влахов“. На средбата учество земаа и Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев, заменик министерот за здравство Јовица Андов и пратеникот во Собранието на РМ, г-дин Ѓорги Коџобашиев. Нашиот одред зема учество со шест извидници. На самата средба треба да се нагласи дека Претседателот на РМ, Ѓорге Иванов во целост е запознат со извидничкото движење во Велес, со неговото 60 годишно постоење и средбите кои ги имал со нашите преставници во рамките на Смотрата на СИМ во Скретно и активностите со Зелената коалиција во која што ние партиципиравме.