Во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации за соработка на проектот: “Зголемување на учеството на младите во креирање на политиките на локално ниво“, во Општина Чашка се организираше работна средба помеѓу младите од општината, НВОи кои работат во општина Чашка, преставници на општината и на УНДП. Средбата се одржа на 16.11.2012 год. (петок) во просториите на општината. Основната цел на овој проект е да се зајакне положбата на младите на локално ниво, да се создадат можности за социјални партнерства и да се обезбеди поактивно учество на младите во креирањето на локалните политики и донесување на одлуки на локално ниво. Проектот предвидува серија на активности, коишто ќе вклучат проценка на потребите на младите, обуки, како и поддршка на процес за креирање на младински форуми во соработка со локалните самоуправи. Предвидено е и доделување на мали грантови за социјално претприемништво преку иновативен пристап. Проектот ќе се спроведува во партнерство со Агенцијата за млади и спорт, ќе трае до април 2014 година, а ќе бидат опфатени 6 општини во земјата. На работната средба од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес , учество земаа Благој Ѓорчевски, Димитар Јорданов и Ден Поликов волонтер на Мировен корпус .