Средба на младите од Чашка

Согласно проектот „Гласот на младите, граѓански ангажман и учество на локално ниво“ на ден 14.12.2012 год петок во просториите на Граѓанскиот сервис центар младите имаа можност да се запознаат со наодите од истражувањето за проценка на управувањето во Општина Чашка. Имено УНДП со консултантската куќа Идеја ОК, изработуваат „ Студија за потербите на проектот на УНДП „ за шест (6) општини во Македонија. На презентацијата учествуваа претставници на млади од населените места :Населба Чашка, Горно Јаболчиште како и претсавници на здруженија на граѓани со целна група на млади кои делуваат на територија на Општина Чашка. Учество зема и претставник на Агеницијата за вработување, Центар Велес кој им ги образложи програмите достапни за младите невработени лица и нивните можности за нивно самовработување.

На средбата на младите им се обрати претставникот на УНДП , г-ѓа Анета Дамјановска која им ја образложи целта на потребата за нивно вклучување на локално ниво. Г-ца Драгана Митровиќ- Дина (консултант на Идеја ОК) која ги презентираше наодите од истражувањето , и ги мотивираше младите за нивни предлози, коменари кои им се потребни во локалната средина. Општина Чашка се залага за подобрување на животот  во локалната срединаи особено внимание ќе посвети на младите и нивно вклучување во граѓански организации и учество на локално ниво. На оваа средба од извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, учество земаа: Благој Ѓорчевски, Тоше Василевски, Димитар Јорданов и волонтерот на Мировен корпус при нашиот одред Ден Поликов.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.