Четворочлена делегација на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес во состав Ангелче Гушев, Златко Ристов, Ненад Андреевски и Јане Јанков, на 15.6.2014 год. (недела) зема учество на редовното собрание на Сојузот на извидници на Македонија, кое се одржа во домот на Грдадежниците во Скопје. На Собранието на СИМ беше разгледан извештајот за работа на СИМ, заедно со финасискиот извештај за работата во 2013 година. Потоа беа верификувани и мандатите на членовите на старешинството и беше извршен прием на придружни и полноправни членки во СИМ преку редовната регистрацијата во СИМ. По дневниот ред беа разгледани и тековните проекти и активности, а беше усвоена и Стратегија на СИМ – „Извидништво 2020“ кој е носечки документ за развојот на извидништвото во Република Македонија.