Зелената коалиција, во која што партиципира и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес го донесува следниот
П Р О Г Л А С
Ние жителите на Велес, загрижени за состојбата во која се наоѓа нашиот град, жртвa на над 30 годишното уништување на животната средина во Велес, поради најавите за повторно рестартирање на Топилницата во Велес, ОБЈАВУВАМЕ:
1. Не се согласуваме со рестартирање на Топилницата во Велес
2. Со работата на Топилницата се загрозува иднината на жителите на Велес, нашите поколенија и идните генерации
3. Не ја признаваме работата на вашите т.н. “експерти” кои десет години буквално ја лажеа јавноста дека во Велес нема загадување, а денес се испостави дека состојбата со здравјето на велешани и загадувањето на почвата е катастрофална
4. Ги повикуваме Метрудхем/Минеко во рок од 7 дена ЈАВНО ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД НАМЕРАТА ЗА РЕСТАРТ НА ТОПИЛНИЦАТА, во спротивно ќе преземеме чекори за прогласување на фирмата за “COMPANIA NON GRATA”, односно НЕПОЖЕЛНА ФИРМА ВО ВЕЛЕС.
5. Ја повикуваме Владата на Р.Македонија и МЖСПП да го СПРЕЧАТ ПОВТОРНОТО РЕСТАРТИРАЊЕ на Топилницата во Велес и ДА ГО ЗАШТИТАТ ВЕЛЕС ОД ЦЕЛОСНО УНИШТУВАЊЕ
ЗЕЛЕНА КОАЛИЦИЈА – ВЕЛЕС