Активистот на Зелената коалиција, Игор Смилев влезе во судот. Нему денеска му се суди по приватната тужба на директорот на Метрудхем, Тони Димитриевски. Велешани со подршка за Игор. „Дојдовме да му дадеме подршка на Игор”, “Игор се бореше за здрава животна средина за сите нас, затоа денеска сум тука, да кажам дека и јас сум Игор” . Трите мото клубови од Велес се со Игор бидејки тој неговореше во свое име тој го искажа ставот на сите нас”, велат случајно анкетираните велешани. На првото рочиште недојде тужителот Димитриовски. „Мојот клиент не се чуствува безбеден затоа и тој нема да присуствува на рочиштето, ова е приватна тужба против Смилев а не против Зелената Коалиција”, рече Коста Нојков,
адвокат на тужителот.
На новинарското прашање „Дали сметате дека овој човек има да плати оштета од 20 илјади евра”, адвокатот Нојков одговори „ Судот е тој кој што решава каква и колкава ќе биде пресудата”. Игор, не ги сторил кривичните дела за кои му се суди, децидни се преставниците на Зелената коалиција, затоа од пред Основниот суд порачаа „за туѓи бели дворови , недаваме некој да ни копа црни гробови”. Смилев денеска подршка доби од локалната самоуправа. За градоначалникот Петров овој судски спор е нелогичен затоа што доаѓа од човек кој е управител на компанија која постојано повикува на отворена соработка од една страна а од друга страна тужи активист на Зелената коалиција.Можеби начинот на кој Смилев се искажал има некоја основа за судски спор, но меѓутоа суштината е тоа што тоа што го кажа го мислат сите граѓани на Велес и токму затоа ќе ја има сета наша подршка”, рече градоначалникот Горан Петров.Претседателката на партијата на зелените, Лилјана Поповска дојде пред Основниот суд со надеж дека правдата за Игор ќе биде задоволена.Тужителите побараа иземање на основниот суд Велес. Судијата Илија Танев барањето за иземање ќе го препрати во Апелација. Каде на Смилев ќе му се суди деновиве ќе одлучува скопска апелација. На мирниот протест од името на извиднички одреде “Димитар Влахов“ , зборуваше старешината Ангелче Гушев, а логистичката поддршка на протестот ја реализираше дванаесет члена единица на извидници од одредот.
превземено од www.lisica.mk