Општина Чашка има богато културно историско наследство. Големиот број на споменици, спомен обележја од кои дел се заштитени и од Министерство за култура сведочат за историјата. Општина Чашка се труди да ги одбележи, означи сите заслужени лица кои оставиле белег во историјата на македонскиот народ. Еден од нив, е Андон Лазов Јанев познат како Ќосето роден од Голозинци, македонски револуционер (1855 Голозинци- 1953 Благоевград, Бугарија). Поставувањето на спомен плочата е поддржано од Општина Чашка, ООУ„ Петре Поп Арсов“, Богомила и Извиднички одред „ Димитар Влахов“ од Велес. Спомен плочата се постави на Издвидничкиот дом во Голозинци.