Старешината и членови на старешинство на СИМ, Началникот на Бирот на СИМ заедно со членот на Европскиот комитет Чип Вирл Хаверхалс, задолжена за Сојуз на извидници на Македонија на 23.5.2014 год. (петок) го посетија извидничкиот дом во село Орел каде што извидниците на ИПО “Галеб“ имаа дводневен бивак. По посетата на селот Орел, се одржа и работна средба во просториите на ИО “Гоце Делчев“ во Св. Николе, каде што преставникот на Европскиот комитет Чип Вирл Хаверхалс ги презентираше целокупните активности на Европскиот регион и Стратегија 2023, активностите кои се насочени кон Светската конференција во Словенија и помошта која што таа ќе може да ја даде на Сојуз на извидници на Македонија во развојот на извидништвото кое што ќе биде утврено со стратегијата на СИМ до 2020. Во рамките на оваа посета покрај Ангелче Гушев како член на старешинството на СИМ, беа присутни и Ненад Андреевски и Златко Ристов членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес.