По повод голем верски празник Илинден,во манастирот Св.Илија,кои се наоѓа на југозападната страна на истоимената стара планина над Велес, се одржа акција за средување и подготовка на локалитетот за дочек на верниците кои ќе пристигнат по повод празникот на големиот светец. На оваа работна акција која се одржа на 22.7.2013 год. (понеделник) учевствуваа граѓани од Велес, а учество земаа и четири извидници и од извидничкот одред „Димитар Влахов“-Велес во состав: Мартин Јошевски, Стефан Алексовски, Ангел Јорданов и Теодор Андев. По тој повод извидничкиот одред “Димитар Влахов“ им го честитаме големиот македонски празник св.Илија на сите православни верници. Инаку на оваа локација нашиот одред организира голем број на програмски активности како што се средби на извидници, биваци и еднодневни излети и хајкови.