На денешен ден, на 7 март во 1998 година на свечената Академија одржана во Големата сала на Општина Велес, а по повод 45 годишнината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се изврши збратимувањето на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република Србија. Со ова збратимување двата одреда се обврзаа на понатамошна соработка на полето на воспитанието и образованието на младите луѓе , во духот на основните принципи на извидничкото движење. Ова збратимување беше прво официјално младинско здружување на две младински организации од две различни држави по распадот на поранешната ЈУ република.