Обука за јавни набавки

Во рамките на проектот за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки, на 17.4.2014 год. (четврток) во Фондацијата “Фокус“ во Велес се одржа обука за јавни набавки. На обуката се разговараше за учеството во јавните набавки и основните поими (договорни органи, економски оператори, микропрепријатија, постапики за јавна набавка, ЕСЈН, е-набавки, е-аукција, БЈН). На обуката се вршеше и практична примена на пребарување на огласи, превземање на тендерска документација и придружна документација, регистрација на економски оператор. Покрај практичните совети на обуката беше разгледани и правната заштита и корисничката поддршка и избегнувањето на најчестите грешки при аплицирањето. На оваа обука учество зема и старешината на извидничи одред “Димитар Влахов“ – Велес, Ангелче Гушев.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.