Почитувани извидници браќа и сестри скаути, почитувани пријатели, почитувани родители, драги гости.
Се навршија шеесет години од формирањето на извидничкиот одред “Димитар Влахов“, се создадоа седум носечки генерации на нашиот одред. Денес не сакам да ја евоцирам и раскажувам историјата на одредот … историјата ја запишавме во монографијата “Извидништвото во Велес 1953 – 2003 и филмот Извидништвото во Велес… денес сакам да се осврнам на она што остави белег од работата на одредот. Низ одредот поминаа 35.000 извидници во овие изминати 60 години, започнувајки од 1974 направивме 28 Средби на извидници од кои 12 се од мегународен карактер. Учествувавме на повеќе од 2500 извиднички акции организирани на територијата на поранешна СФРЈ и Република Македонија, направивме повеќе од 60 школи за водачи на патроли и јата од кои 14 отпагаат на новиот тип на Школи Зелениот еди. Пред 17 години благодарејки на Општината Чашка и ООУ Тодор Јанев од нас. Чашка го создадовме извидничкиот цента Голозинци кои сакаме да го уредиме по сите стандарди на вистински извиднички центар. Благодарејки на него Општина Велес и Општина Чашка е посетена од голем број на извидници од државата и надвор од неа како што се скаутите од Велика Британија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна гора.
Учествувавме на повеќе од 25 Смотри на извидници што од републички што од државен и меѓународен карактер. Нашите одредски извиднци земаа учество на Светските Џамборија во Холандија, Велика Британија, Шведска на Мутот во Шведска, на Ровервеј во Италија, Германија Исланд, на неколку Европски конференции на Европскиот скаутски регион. Спроведувајки ја програмата на одредот имавме можност да се сретнеме и разговараме со сите Претседателите на РМ, Глигоров, Трајковски, Црвенковски, Иванов, потоа со американските амбасадори Филип Рикер и Пол Волерс, европските високи функционери Ерван Фуере и Ричард Ховит известувачот за Република Македонија во европскиот парламент. Во периодот од 1994 до денес работејки со ИТЗ, РЕЦ, МЦМС, ФОМ, Светска банка, ЕСФ, Мировен корпус, УНДП, воените мисии на УНПРОФОР и УНПРЕДЕП, силите на НАТО изреализиравме точно 42 проекти кои оставија белег во младинското и општественото живеење решавајки ги проблемите на заедницата од аспект на извидништво, екологија , младински прашања. Средствата од сите овие проекти кои надминуваат милиони денари се вложија во активности во Општината Велес и активности во Општина Чашка. Издадовме повеќе од 12 книги извидничка и еколошка литература на македонски јазик, две мултимедијални цедиња, пет извиднички филмови, го создадовме првиот извиднички веб сајт во Република Македонија на кој што сме горди, а сега се подготвуваме да го создадеме и првото интернет скаут радио. Изработивме 68 броја на единствената извиднича ревија во РМ, весникот “Извиднички репортер“ кој моменатлно е во мирување … но не се откажуваме од него. Благодарејки на извидничкиот одред во сите овие изминати години повеќе од 5000 млади велешани органзирано заминаа на летување на јадранското море и во Извидничкиот центар Охрид.
Како водечка младинска организација многупати од нашите одредски редови се формираа младински работни бригади кои работеа шурум поранешна ЈУ. Од нашите одредски редови во поранешната Младина дадовме петмина претседатели на Младина, а во Младинскиот Сојуз на Велес два претседатели и еден генерален секретар. Од нашиот одред произлегоа старешини, началници и комесари во СИМ, Управик и Началници во ИЦО – Охрид После долги години одредот се стекна со добра камперска опрема (шатори, вреќи за спиење, теренска кујна, прибор за исхрана на терен. Можеме да опслужиме во еден момент до 250 извидници. Благодарејки на Лоланата самоуправа на Велес имаме достојни просторни услови, за кои се грижиме и ги одржуваме на виско ниво, опремени со интернет и компјутерска опрема, телефонска линија, во која што редовно се остварува одредската програма. Сакајки Општина Велес да биде прекрасно место за живеење заедно со поранешните Градоначалници Коцевски и Петров и шесте НВОи ја создаваме Зелената Коалиција и застанавме на браникот против рестартот на Топилницата. По мое мислење со двата големи еколошки протести во Велес во Република Македонија поставивме стандард како треба граганската идеја и иницијатива да реши определен проблем на заедницата, а решававме најголем проблем Топилницата … остануваме во борбата за здрава и чиста средина. Сакајки да создадеме еден препознатлив општински бренд кои има широк спектар на активности и тоа економски, спортски, еколошки, извиднички … помогнавме во возобновувањето на Вардарската регата Гемиџии, а сметам дека сме нај организираната единица која што колективно учествува во овој преубав Општинскли бренд предводен од здружениоето Вардарска регата Гемиџии. И на крај … како Старешина на одредот сакам да исткнм дека … извидничкиот одред Димитар Влахов има една и единствена мисија, а тоа е да придонесе во образованието на младите луѓе низ системот на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Извидничкиот одред единствено го фаворизира неформалното образование на младите. Почитувани присутни тука не застануваме … ја продолжуваме мисијата која што ја започнал Сер Роберт Баден Пауел уште во далечната 1907, а кај нас во Велес ја промовираше Васил Горгов , Петар Петров , … ја продолжиле Здравко, Мирко, браќата Мимови …, тетка Живка, Жико, Кочо … Чади, Трајко, Дуле, Јанко, д-р Марковски, Беби, Урош, Хасо, Тони, Доне, Габи, Дани, Весна, … и ја продолжуваат Гуше, Орце, Дејан, Мамли, Влатко, Марина, Златко, Димо, Баже, Точе, Мартин, Бојан, Иван.
Нека е вечен јубилејот, нека е вечен извидничкиот одред “Димитар Влахов“, нека е вечен Велес … нека е вечна Македонија!
Старешина на ИО Димитар Влахов
Ангелче Гушев