Младите за Велес со иницијатива за формирање на Младински совет

На 16.6.2014 год. (понеделник), под насловот „Млади за Велес“ на просторот на Младинскиот парк беа поставени штандови на неколкуте граѓански организации на младите од Велес кои се промовираа себеси но истовремено и ги искажаа своите желби. Целта на настанот беше да се поттикнат младите да ги искажат своите приоритети и со тоа да влијаат да се промени нивниот живот и да имаат повеќе места за движење и забавување. На овој настан како водечка младинска организација беше и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, потоа дел од средношколските организаци од градот, младите на ОО на Црвен Крст, претставниците од техничко-технолошкиот факултет, од доброволното противпожарното друштво „Видра“, од Стрип центарот на Македонија, но и членовите на здружението „Македонски спасител“ кои ги промовираа своите активности и приоритети пред младите. На настанот присутните можеа да се запознаат со целокупната извидничка литература, опрема и целокупните извиднички материјали, потоа да ја погледат и промоцијата на брошурата „Млади за Велес“ во која е објаснето зошто треба да се формира локалниот младински совет а вметнати се и делови од локалната младинска стратегија на општина Велес. Младите велешани сакаат да добијат кино, поголеми и пробројни простори за спортување, за забава и рекреација и очекуваат дека со создавањето на локалниот младински совет оваа година ќе се делува кон реализирање на нивните приоритети. Настанот е дел од проектот „Развој на локално младинско учество и локални младински политики“ финансиран од ЕУ од регионалната ИПА програма а се спроведува од МОФ и ЦИД во 12 општини во државата меѓу кои и во Велес. Настанот го подржа и локалната самоуправа на општина Велес.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.