Младинско зајакнување преку скаутско движење

Во организација на Сојуз на Извидници на Македонија и во соработка со Департманот за млади на Советот на Европа, се организираше тренинг-семинар на тема “Младинско зајакнување преку скаутско движење”: Семинарот беше реализиран  во периодот од 31 јануари до 3 фебруари 2013 година во Катлановска Безница. На овој тренинг учество земаа два членови од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес и тоа Никола Аксентијев и Стефан Алексовски. Целта на тренингот беше да се надгради свеста на извидничките лидери и ефективно младинско зајакнување и партиципација преку извидничко движење. Главни теми кои беа обработувани и дебатирани на овој тренинг беа:  Методите на младинското зајакнување, Младинско учество во донесување на одлуки на ниво патрола, одред, сојуз потоа Препораките од документите на WOSM, како и методите со кои младите извидници ќе можат да влијаат врз младинското зајакнување во нивната секојдневна работа.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.