Во Фондацијата за локален развој и демократија “Фокус“ на 31.10.2012 год. (среда) се одржа работилница за утврдување на младинските приоритети за годишната програма за млади и спорт на Општина Велес за 2013 година. Приоритетите кои беа утврдени и почиват врз Стратегијата за млади која што ја има донесено Советот нас Општина Велес . Од големиот број на предлози треба да се истакнат: создавање на младински хостел, отварање на младинско радијо, реконструкција на планинарскиот дом Бреза, создавање на младински камп на езеро Младост и многу други интерсни идеи кои произлегоа од самата дебата на работилницата. На работилницата покрај големиот број на млади учество земаа и тројца преставници на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес.