Јавни расправи за Буџето на Велес за 2012

Општина Велес и Фондација „Фокус“, организираат Јавна расправа по Нацрт-документите на општината за 2012 година.  Јавните расправи се одржаа на  03.11.2011 година (четврток)  во големата сала на Општина Велес и тоа:
•    за претставниците од:  областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации ( невладини организации, културно уметнички друштва итн.) и сите заинтересирани граѓани
•    за претставниците од урбани и месни заедници
На Јавните расправи ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на

Општина Велес за 2012 година:

– Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес за 2012 година.
– Нацрт -програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија (ИТ) за 2012 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2012 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2012 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2012 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2012 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2012 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2012 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2012 година.            

На оваа Јавна расправа поканет беше и Старешината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ , Ангелче Гушев.

                                                                                                                                                    

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.