На покана на извидничкиот одред “Скаут“ од Куманово, две патроли на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес земаа учество на меѓународните средби на извидници – Пелинце 2012. Овие средби на извидници се одржа на терените на меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце и тоа во периодот од 11-13 мај оваа година. Натпреварите се организираа во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, полигонски натпревари, прва помош и сигнализација. На средби учествуваа од Македонија и Република Србија.