Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, остварувајки ги програмските активности предвидени со проектот кој е финасиран во рамките на Програмата Messengers of Peace, набави гумен чамец кој што треба да изврши промена во програмата за работа на одредот, односно следење на потребите на младите. Оваа опрема исто така ке биде вклучена за потребите на општинскиот бренд кои го спроведува здружението Вардарска регата “Гемиџии“, а воедно и ке биде ставен во служба доколку општината има потреба во време на елементарни непогоди. Инаку чамецот кој е набавен е со носивост од 680 килиграми, четири коморен,опремен со целосна пропратна опрема за него опслужување. Има можност за превоз на осум лица. Во рамките на овој проект извидниците од Велес ке се здобијат и со десет нови шатори во кои ќе можеда се сместат 40 извидници.