Согласно основната дејност и програмата на АППТРМ – Агенцијата за Промоција и Подршка на Туризмот на Македонија зацртана е реализација на проект за развој на туризмот во република Македонија – поконкретно во сегментот „ Активности во природа „ како еден позначаен дел според потенцијалите на републиката . Проектот опфаќа дооформување на постоечките и создавање на нови пешачки , планинарсли и велосипедски ( Mount bike ) патеки на цела територија на Република Македонија.На 2.7.2013 год. (понеделник) во просториите на Фондација Фокус се одржа работна средба помеѓу старешината на одредот Ангелче Гушев и директорот на агенцијата Владо Србиовски, а во рамките на предложениот проект – пешашка планинарска патека во Општина Чашка. Проектот ке го реализира АППТРМ во соработка со Агенцијата за рурален развој при Министерство за земјоделие а ке го изведува во соработка со Федерацијата на планинарски спортови и велосипедската федерација на Македонија како партнери во имплементацијата.
Целите на овој проект се во согласност на целите на националната стратегија за развој на туризмот : Зголемување на бројот на домашни туристи и зачувување на трендот на пораст на бројот на посети од странски туристи , продолжување на периодот за престој , зголемување на зафатеноста на сместувачките капацитети и зголемување на обемот на туристичка потрошувачка. Проектот е наменет за планинари и спортисти , домашни и странски туристи а придобивка ќе имаат спортските клубови , планинарски и велосипедски друштва и ке допридонесе до развојот на планинарскиот туризам . Реализацијата на овој проект ке го решава постоечкиот проблем на недоволна , неорганизирана и несодветно на потенцијалите туристичка понуда во нашата земја за овој вид на туризам кој е во се поголем подем во светот и веќе е значаен дел од туристичката понуда на сите соседни земји . реализација на ваков проект ќе создаде покомплетен туристички производ и ќе ја збогати туристичката понуда и ќе ја направи нашата земја поафирмирана и поатрактивна со позначајно место на туристичката мапа во Европа и пошироко. Проектот ке се реализира на цела територија на Македонија и ке се изведува во соработка со федерациите а во имплементацијата директно ке учествуваат планинарските друштва и велосипедските клубови .