Извидниците од Велес креатори на пешачки и велосипедски планинарски патеки

Согласно  основната  дејност и програмата  на  АППТРМ – Агенцијата  за   Промоција  и Подршка  на  Туризмот на   Македонија  зацртана  е реализација   на проект за  развој на  туризмот  во  република  Македонија – поконкретно   во  сегментот  „ Активности во природа  „ како еден  позначаен  дел  според   потенцијалите  на   републиката . Проектот  опфаќа  дооформување  на  постоечките   и создавање на  нови пешачки  , планинарсли  и велосипедски ( Mount  bike )  патеки на цела територија на  Република  Македонија.На 2.7.2013 год. (понеделник) во просториите на Фондација Фокус се одржа работна средба помеѓу старешината на одредот Ангелче Гушев и директорот на агенцијата Владо Србиовски, а во рамките на предложениот проект – пешашка планинарска патека  во Општина Чашка. Проектот  ке  го  реализира  АППТРМ  во  соработка  со  Агенцијата  за рурален развој  при  Министерство за  земјоделие а  ке  го  изведува во  соработка со  Федерацијата  на   планинарски спортови и велосипедската федерација  на Македонија како партнери  во имплементацијата.

Целите на овој проект се  во согласност на  целите на  националната стратегија  за  развој на туризмот : Зголемување на бројот на домашни туристи и зачувување на трендот на пораст на  бројот на  посети од странски туристи , продолжување на периодот за престој , зголемување на зафатеноста на сместувачките  капацитети и зголемување на обемот  на туристичка потрошувачка.   Проектот  е  наменет  за  планинари и  спортисти  , домашни  и странски  туристи   а придобивка  ќе имаат спортските  клубови ,  планинарски  и велосипедски друштва   и  ке   допридонесе до   развојот на  планинарскиот  туризам  . Реализацијата на  овој проект ке  го  решава  постоечкиот проблем на   недоволна  , неорганизирана и  несодветно  на  потенцијалите  туристичка  понуда  во нашата  земја   за  овој  вид  на  туризам  кој  е  во се поголем  подем  во светот  и  веќе   е    значаен  дел  од   туристичката  понуда  на  сите  соседни земји  .   реализација   на  ваков  проект  ќе  создаде  покомплетен  туристички  производ  и ќе  ја   збогати  туристичката  понуда  и  ќе  ја направи  нашата  земја  поафирмирана  и поатрактивна  со позначајно место на туристичката мапа  во  Европа и пошироко. Проектот   ке  се  реализира  на  цела   територија  на  Македонија и  ке   се изведува   во соработка  со   федерациите    а во  имплементацијата   директно ке  учествуваат  планинарските  друштва  и велосипедските  клубови .

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.