IN MEMORIAM: Илија Чадиев – Чади (1955 – 2014)

Беше член  на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес од  1965 година па до денес. Илија Чадиев во одред во Велес ги има извршувано сите функции започнувајки од водник до старешина на одредот. Покрај одредските функции  во неколку мандати беше член на Старешинството на СИМ, член на Управниот одбор на извидничкиот центар во Охрид и заменик директор на ИЦО, а во 2008 беше и старешина на 10та Смотра на СИМ која се одржа во Маврово. Чади имаше учествувано на голем број на логорувања, извиднички акции, смотри како од републички карактер така и на активности во поранешна Југославија. Во 1972 година Чади беше член на одредската екипа која што го освои првото место на Југословенскиот Извиднички  Партизански Повекебој во Загреб на Сљеме. Со своите активности Чади секогаш беше подготвен за помош на младите во планирањето на активностите и нивното реализирање . Нема зборови со кои ќе се опише  работата на нашиот драг извидник брат скаут Илија Чадиев. Почивај во мир и нека ти е вечна слава.

Еден коментар

  1. Денес е 16.01.2015 г,два дена пред Водици.И јас бев одамна извидник во одредот *Димитар Влахов* од Велес .Со Чади бев и другар,колега,пријател.Ова јавување е само потсетување на Водици од 1989 година кога со Илија заедно започнавме да го озвучуваме фрлањето на крстот во Вардар.Годината 1989 треба да биде запамтена како година кога започнавме сосема легално и со сите привилегии ,заедно со светите оци да го чествуваме овој празник.Иле веке го раководеше Радио Голди и заедно со мене ,а со благослов на прота Стојко Ристовски започнавме со озвучување на ова манифестација.Втората година преносот одеше во живо преку Радио Голди.Од тогаш поминаа 26 години.Јас сум секоја година ,се уште на место на настанот,на Мало мовче,а Чади го нема повеќе.Но,секоја година прво започнуваме како екипа со минута молчење,со чашка ракија во спомен на Иле.Мислам дека традициите во Велес траат,се додека се живи пријателите.Нека му е вечна слава…

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.