IN MEMORIAM: Руска Петрушевска – Трајкова (1975 – 2021)

Беше член  на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес од  1985 година па до денес. Од 1985 година,  Руска Петрушевска (Трајкова)  во одредот во Велес ги има извршувано сите функции започнувајки од водник до началник и секретар на одредот. Руска имаше учествувано на голем број на логорувања, извиднички акции, смотри како од републички карактер така и на активности во поранешна Југославија. Во 1993 година Руска заедно со уште тројца извидници го реактивираат извидничкиот одред “Димитар Влахов“ после неговото три годишно не работење. Таа во 1991 година беше одликувана со извидник партизан од поранешен СИЈ. Во 1998 година Руска беше дел од тимот која што ја подготвуваше првата  официјална одредската прослава по повод 45 години работа на одредот од Велес кога се изврши и збратимувањето со извидничкиот одред “Мија Станиморовиќ“  од Ниш.. Со своите активности можеме слободно да кажеме дека Руска е еден од значајните  женски  ликови на извидничката организација во Велес, а секогаш беше подготвена за помош на младите во планирањето на активностите и нивното реализирање . Долги години Руска  беше присутна  во организирањето и реализацијата на Средбите на извидници во Велес. Нема зборови со кои ќе се опише  работата на нашата  драга  извидничка Руска Петрушевска (Трајкова). Почивај во мир и нека ти е вечна слава.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.