IN MEMORIAM: Надица Будимкиќ – Чугунцалиева (1977 – 2014)

nadicaНа 12 декември 2014 година во раните утрински часови во Младеновац, ненадејно почина нашата драга  Надица Будимкиќ – Чугунцалиева. Таа беше член на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес од  1992 година па се до 2002 кога се пресели да живее во Младеновац, Р.Србија. Надица во одредот  во Велес ги  извршуваше следните функции: водач на патрола, предводник на јато и секретар на одредот. Повеќе години беше член на женскта екипа на одредот на РИОН, учествуваше на голем број на акции од републички карактер и надвор од државата.Учествуваше на неколку смотри на извидници во Македонија и Србија. И покрај тоа што Надица живееше во Младеновац, таа редовно  доаѓаше во својот роден град и целото нејзино време го помуваше со нас извидниците. Со своите активности Надица секогаш беше подготвена  за помош на младите во извидничката организација, конкретно на развигорците. Надица зад себе ги остави малолетната керка Бојана и  синот Бојан и сопруг Младен. Нема зборови со кои ќе се опише работата на нашата  драга Надица, а и болката од загубата на нашата Наде.

Наде,почивај во мир и нека ти е вечна слава.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.