Група на седум извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, на 24.11.2012 (сабота) организираа хајк кон месноста Пешти. Во текот на хајкот беа поминати следните локации: Црн камен, Велешкото кале и кањонот на реката Тополка. Нашите извидници имаа за цел да определат нови терени за организирање на натпревари од републички карактер во рамките на нашите традиционални Средби на извидници.