Регатата може да заплови ! Гемијата е подготвена, пловните објекти – чамците, прегледани, средени, напумпани, поминати на контрола. Сето ова се средуваше во изминатите три дена под контрола на искусните кајакари и вредните извидници на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес. На овогодинешната Вардарската регатата “Гемиџии 2012“ која ке се реализира од 5 до 8 јули 2012 година учество ќе земат десет извидници од нашиот градски извиднички одред.