Во периодот од 9 до 11 мај 2014 год. во Охрид, извидници Алексовски Стефан и Фатиме Абдулова од извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес , присуствуваа на настан под името “Форум за програма” кој го организираше Сојузот на извидници на Македонија. Овој настан беше со цел да ги спои идеите на сите извидници, воедно презентирајќи и нови активности кои ќе бидат атрактивни и корисни, како за старите така и за новите потенцијални извидници кои ќе сакаат да бидат дел од извидништвото. Исто така нашите извидници изработија два проекта кои ги презентираа пред членови на програмата “Messenger of peace” и Сојузот на извидници на Македонија. На овој форум на извидниците од Велес им беше одобрен и проект под името “Даси подадеме рака“.
Стефан Алексов