Државните извиднички натпревари на велешкиот одред за 2014 ќе се организираат во чест на Илија Чадиев – Чади

Старешинството на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, донесе одлука да неколку  извиднички активности на одредот од Велес(средби на извидници, школа за обука и  републичко првенство во ориентација) кои ќе се одржат во периодот септември – октомври 2014 година  ги посвети на еден од столбовите на извидничката организација во Велес, Илија Чадиев – Чади. Чади беше член  на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес од 1965 година.  и ги имаше извршувано сите функции започнувајки од водник до старешина на одредот. Покрај одредските функции  во неколку мандати тој беше член и на  Старешинството на СИМ, член на Управниот одбор на извидничкиот центар во Охрид и  заменик директор на ИЦО, а во 2008 беше и старешина на 10та Смотра на СИМ која се  одржа во Маврово. Чади имаше учествувано на голем број на логорувања, извиднички  акции, смотри како од републички карактер така и на активности во поранешна Југославија.  Во 1972 година Чади беше член на одредската екипа која што го освои првото место на  Југословенскиот Извиднички  Партизански Повекебој во Загреб на Сљеме.  Со своите активности Чади секогаш  беше подготвен за помош на младите во планирањето на  активностите и нивното реализирање .

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.