Ден на сеќавањето –“ Thinkng Day“ е востановен во 1926 год од страна на Конференцијата WAGGGS, која заклучила дека треба да има посебен ден кога извидници треба да се размислува за вистинското значење на постоењето на Извиднички движење. Утврден е 22 Февруари, денот кога е роден Роберт Баден Пауел и неговата сопруга Олив Баден Пауел. На седмата Светска извиднички конференција што е одржана во Полска 1932 година, било предложено да родендените кои вклучуваат подароци и честитки да се насочат во прилог на размената на извидничките убави желби и пораки на солидарност. И на овој ден да се направи акција за добротворни придонеси во WAGGGS. Така и е основан “Фондот на Денот на сеќавањето „Thinkng Day Fund“. За да се нагласи глобалниот аспект на Денот на сеќавањето, учесниците на 30 Светска Извидничка конференција во 1999 год. држана во Ирска, го променуваат името во Светскиот ден за сеќавање “World Thinkng Day“. Со текот на годините и WOSM се приклучи во прославата на овој датум, кој исто така е наречен ” Дан на основачот” „Founder’s Day“.
WAGGGS секоја година за одбележување на денот, излегува со некоја тема за размислување. Повеќе детали може да се најде на www.worldthinkingday.org. Затоа, сите членови на извидничката организација во Македонија може слободно да ги повикаат своите членови и единици и да бидат активно вклучени во одбележување на Денот на сеќавањетово текот на оваа недела која што следи. Тоа може да бидат собири во одредките простории . Можете на пример да развиете игри поврзани со основачот БП потоа, преставување на филм за основачот и за првиот камп на островот Браунсеа. Членовите на вашите одреди може да ги презентираат своите видувања за развојот на извидништвото во вашиот град и Македонија, направите квиз со прашања поврзани со Светската Извиднички движење, основачите … Прославете го 22 февруари достоинствено во вашата локална средина.