Ден на дрвото – по десети пат !

Акција „Ден на дрвото” за граѓаните од Велес се организираше на 21.11.2012 год. (среда), а надлежните одлучија да се организира и сади во близина на градот односно да  се пошумува целиот рид од десната страна на спомен Костурницата. Планирано е на 17 ,5 хектари да се посадат помеѓу 60 000 и 70 000 илјади садници од јавор ,јасен и багрем. Овогодинешната акција беше организирана под мотото „Спортски е да се сади”. На оваа еколошка акција учество земаа голем број на ученици од основните и средни училишта од градот, јавната администрација, НВОи и граѓани на град Велес. Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, зема учество со две патроли или 14 извидници.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.