Даниел (Ден) Поликов, е волонтерот на Мировниот корпус кој што од 23 јули започна со работа канцеларијата на извиднидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес. Ден е роден на 20.9.1986 во Филаделфија.Тој е припадник на 16 генерација волонтери на корпусот. Има завршено Економија. Волонтер на Мировниот корпус во Македонија е од септември 2011 год. Првата обука ја има поминато во Пробиштип, а потоа седум месеци работи во Општина Ресен.Во нашиот одред ќе остане до ноември 2013 год. Во првичните разговори со волонтерот и препоставените од Мировниот корпус планирано е да активностите на волонтерот се движат во насока на проектното работење, барањето можност за набавка на опрема, осовременување на извиднички центар “Голозинци“ во с. Голозинци и зголемување на капацитетите на членовите на извиднички одрде “Димитар Влахов“.