Да знаеш да љубиш, значи и да постоиш, зошто љубовта е смисла на нашето постоење. А оваа заедница е изградена токму на тој најсигурен темел – ЉУБОВТА. И како што рече Бог, ако бракот е заедница за вечноста, тогаш овој ден е почеток на таа вечност….а тој ден беше 27 октомври кога што нашиот драг брат извидник Зоран Пановски, долгогодишен извидник во нашиот одред, стапи во брак со неговата доживотна сопатничка Славица. Ние сите членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, им посакуваме да се вечни и да се благословени и да следува многу голема рожба.