Претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес Ангелче Гушев и Владимир Ивановски во периодот од 23-24.8.2024 год. на покана на здружението ИКС центар (X centar) одБрчко Дистрихт – БиХ земаа учество на шестата меѓународна туристичка рега “Сава наутик“. На оваа меѓународна регата покрај нашето учество земаа и рафтери и регатџии од Србија (Ариље, Београд, Панчево, Стара Пазова, Бановичи, Шабац ...
Повеќе »Новости
Извидниците активни во гасењето на шумскиот пожар на Галичица
На повик на Дирекцијата за заштита и спасување на 15.8.2024 год.(четврток),членови на на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес, рамо до рамо со браќата извидници од ИПО Јадран од Скопје доброволно земаа учество во гасењето на шумскиот пожар во Националниот парк Галичица. Од велешкиот одред беше присутен началникот на Иван Гушев.
Повеќе »Гушев: Правиме регата по мртва река
Анѓелче Гушев плови по Вардар 15 години. Како старешина на извидничкиот одред „Димитар Влахов“, тој е еден од предводниците на вардарската регата „Гемиџии“, манифестација што се одржува еднаш годишно. Најчесто се плови од Велес до Гевгелија, но годинава, од 20 до 26 јуни, современите гемиџии патуваа сѐ до Солун, рекреирајќи го трговскиот пат од 19 век, кога велешките стоки на ...
Повеќе »Велешките извидници учесници на третата смотра на Босна и Херцеговија
Извидници од велешкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес учествуваа на Третата ревија на Сојузот на извидници на Федерацијата БиХ, на која од јули се собраа извидниците од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Словенија и Романија и тоа во периодот од 15 до 22 на Борачко езеро. Учесниците на смотрата престојуваа во пет кампови чии домаќини беа извидничките ...
Повеќе »Потпишан Меморандум за соработка со Програмата за управување, користење и заштита на подземните води
На 17.7.2024 год. (среда) во Клуб на Новинари, старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев потпиша Меморандум за соработка со Програмата за управување, користење и заштита на подземните води и реализацијата на програмските активности на Groundwater Management, Use and Protection Programme. (GWP) заедно со Дамир Бекиќ Програмски тим лидер на проектот. Вонаредниот период ќе следуваат голем ...
Повеќе »