АГОРА – Идентификација на потребите на младите

На 9 февруари (сабота) во 11.00 часот, во просториите на  Домот на НВО во Велес (Фондација Фокус), а во организација на Сојуз на извидници на Македонија и извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес се одржа првата тркалезна  маса со млади, со цел да се идентификуваат потребите на младите  од Велес. На тркалезната маса учество земаа 25 извидници и млади од Велес  на возраст од 14 до 18 години. Идентификацијата на потребите на младите  си изврши преку методите кои се  користат во неформално образование,работа во мали групи и тимска работа. На настанот младите зборува за нивните потреби, а воедно и работеа на заедно (вмрежување) и изнаоѓање на решенија и  создавање на чекори за да се надминат заедничките проблеми и да  се остварат своите потреби. Потоа во Младинскиот парк во Велес се организираше отворен штанд  каде што беше поставен мерач на демократија, промотивен материјал преку кои се подига јавната свест на младите и сите можности за поттикнување на врежувањето на младите во Република Македонија. Сите информација за проектот АГОРА можете да најдете на www.youthagora.org.mk. Проектот АГОРА е програма на Сојузот на извидници на Македонија финансиран од страна на УСАИД, и се спроведува благодарение на великодушна помош од Американскиот народ.

               

               

              

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.