Во организација на старешинството и советот на водачи при извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес и волонтерот Ден Поликов при Мировниот Корпус, на 17.1.2013 год. (четврток) се организираше работилница на тема: “Пишување на предлог – проекти и нивно менаџирање“. Работилницата беше водена од Владо Смилев, член на Младинскиот парламент. На оваа работилница учество земаа десет членови од нашиот одред од категоријата извидници. Според старешинството на одредот беше одредено дека оваа категорија е нај адекватна за обука од ваков тип. Сите слушатели на оваа обука го добија и прирачникот “ПРЕДЛОГ ПРОЕКT”, чиј автор е старешината на одредот, Анагелче Гушев, преку кои ќе можат да ги збогатуваат своите знаења.
ODLICNA RABOTA ZA POCETNICI VOE PISUVANJE PREDLOG PROEKTI NEKA IMA POVEKE VAKVI KURSEVI ZA MLADITE