„300 минути гол шоу”. Под ова мото денес 10.12.2011 год. (сабота) во спортската сала „Гемиџии” се одигра хуманитарниот турнир. На истиот учество земаа 15 екипи , а целта е да се соберат што е можно повеќе средства од донации кои ќе бидат предадени за децата со посебни потреби, а Воедно беа и собрани приближно 6.000,00 ден. Своите фудбалски вештини, ги демонстрираа политичарите, новинарите, поповите, лекарите, полицијата, армијата, комуналците, ловџиите, зелената коалиција и други организации. „300 минути гол шоу” беше замислена како една голема забава како за учесниците ,така и за посетителите. Натпреварите се одграат во две полувремиња по седум минути. Системот беше елиминациски.
Онаа екипа што губи завршуваше со играње. Најдобрите екипи ќе добија награди , а тричлена жири комисија ќе додели и посебни признанија за најатрактивен играч, автогол на турнирот, најпоткупен судија, гличко и мрза на турнирот. Зелената коалиција која што зема учество на ова шоу се пласираше меѓу трите најдобри екипи. Екипата на Зелената коалиција ја сочинуваа: А.Гушев (капитен), Д.Златева, Д.Ристов, С.Андреев, С.Кукулев и М.Стојчев