Извидниците во “Зачувај, не уништувај !“

Проектот  на Фондацијата „фокус“ и волонтерите од Мировниот корпус „Зачувај не уништувај“,  започна и практично да се реализира на две локации во Велес – Детскиот забавен парк „Дизни“ на ул. „Благој Ѓорев“ и Детскиот забавен парк „Тунел“. Волонтерите на фондација „Фокус“,  Мировниот корпус и Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ заедно со  Градоначалникот Горан Петров работеа на поправка и боење на урбаната  опрема. Општина Велес ја препозна добрата идеја и добрата намера да и  се помогне на заедницата не само со поправка на забавните паркови за деца,  со боја и материјали, туку да и се помогне во промена на односот кон  опремата што е поставена за да им користи на граѓаните. Името на проектот „Зачувај, не уништувај“ доволно говори  за целта на проектот и за испратената порака. Општина Велес  оптимистички гледа на овие проекти и секогаш ќе ги поддржува.  Акцијата се очекува да продолжи на пролет и да се поправат и да  ги стават во функција сите забавни паркови во општината. До сега општината за оваа намена обезбеди материјали и боја за околу 30.000 денари.

                       

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.