Денес на 9 Ноември, денот кога го одбележуваме Денот на Општина Велес – ден посветен на богатата историја, традицијата, културата и гордоста на нашиот град делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес во состав Симона Љуткова, Марија Стефановска и Љупче Неделковски положија свежо цвеќе на спомен костурницата во Велес.

Нека овој ден биде потсетник дека заедно можеме да создадеме подобар, поубав и попросперитетен Велес – град со повеќе можности, развој и достоинствен живот за сите негови граѓани. Со гордост за минатото, посветеност во сегашноста и верба во иднината!

Честит 9 Ноември – Денот на Општина Велес.




