20 години постоење на ЕД Вила Зора

Велешките екологисти на 5.6.2009 година го одбележаа 20 години постоење,  со свеченост на која што на видео запис присутните ги потсетија на активностите кои друштвото ги спроведе изминатиов период. Формирани за да го спречат загадувањето на животната средина од Топилницата, екологистите на „Вила Зора" презентираа дека освен оваа главна цел имаат и уште неколку други  како што се: заштитата на ретките видови птици, локалитетот Пешти, фиторемедијацијата, едукацијата на граѓаните за живот и заштита на деградираната животна средина во општината итн.

„Во оваа борба нема  непоразени. Во оваа борба нема да добие или изгуби  само Вила Зора и Зелената коалиција или политичките партии. Во оваа борба  ќе дејствуваме сите заедно. Ако не го одбраниме градот, ако се дозволи рестарт на  Топилницата, ќе бидеме полоши од нашите претци кои пред 30 и кусур години дозволија  тука да се изгради Топилницата. Затоа Ве повикувам сите заедно да го кренеме гласот  против повторното уништување на градот, против новите болни, рече Ненад Коциќ, претседател на ЕД „Вила Зора". Коциќ упати јавна благодарност до новинарите и велешани кои секогаш искажуваа  јавна поддршка на активностите на еколошкото друштво при тоа потенцирајќи  ги неколкуте големи и масовни протести кои беа организирани во  градот против загадувањето со тешки метали како и желбата за здрав живот во чиста еколошка средина. Признанија за двецениските активности со еколошки предзнак  на друштвото но и за неуморниот континуитет пристигнаа од  првите луѓе на движењето на екологистите на Македонија.
Во знак на јубилејот екологистите на дваесет истакнати поединци и поддржувачи на заложбата за  здрава животна средина им додели признанија и благодарници.  Награди им беа доделени и на најдобрите од ликовниот и литературниот конкурс распишан по повод 20 годишното постоење  на „Вила Зора", како и на победниците во спортските натпреварувања. Во групата на наградени поддржувачите за здрава животна средина беше и  извидничкиот одред “ Димитар Влахов“ од Велес кои доби јубијелна награда за 20 години ЕД “Вила Зора“.
 
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.