На 22.12.2013год. (недела) со почеток во 12:00 часот во Дом На Градежници во Скопје се одржа. На овој настан обраќање имаа Старешината на СИМ, Огнен Стефановски и Началникот на Биро на СИМ Христијан Мирчевски. Началникот на Бирото ги презентираше плановите и тимовите за зајакнување на Бирото на СИМ и улогата на одредите, старешинството, канцеларијата инструкторите, водачите и останатите учесници. Исто така на обраќањето на Старешината на СИМ беше истакнато дека во месец февруари во канцеларијата на СИМ доаѓа волонтер од Франција . Негова задача ќе биде зајакнување на Сојузите на извидници на Македонија и Франција како и соработка на роверите на овие две земји. На овој отворен ден на Бирото на СИМ учествуваа двајца извидници од Извидничкиот Одред ,, Димитар Влахов ‘’ од Велес Јане Јанков и Бојан Миклош.
Јане Јанков