280 извидници натпреварувачи и 50 тина гости во периодот од 19 – 21.04.2013 учествуваа во традиционалниот 40 по ред извиднички меморијал „Марко Граорковски„ кој и годинава се одржуваше во извидничкиот дом во Катлановска Брезица во организација на ИПО “Јадран“ од Скопје. На овој меморијал учество зема следните извиднички одреди: ОИ 24 Новембар – Бар Црна гора, ПСИО, ИО Гоце Делчев – Св.Николе, ИО ММ Брицо – Скопје, ИО Мирко Милески – Кичево, ИО Браќа Миладиновци – Скопје, ИПО Крсте Јон – Струга, ИПО Галеб- Скопје, ИО Марково Крувче – Скопје, ИО Башкими – Зајас, ИО Димитар Влахов – Велес, ИО Илинден – Скопјеи ИПО Јадран – Скопје и тоа во традиционалното натпреварување во две категории: Помлади извидници и Постари извидници. Победници и освојувачи на големата награда на ИПО Јадран Скопје, летување во Црна Гора е екипата “Леле леле леле“ од ИО ММ Брицо. Во категоријата помлади извидници апсолутна доминација презентираше И.О. Мирко Милески од Кичево кој го освои првото, второто и третото место. Патролата на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес во состав: Мартин Јошевски, Ангел Јорданов, Слободанка Арсовска, Марија Зафирова, Слободан Димовски, Теодор Андев и Благој Ѓорчевски го освоија шесто место.