Градот Велес годинава по 64 -ти пат го празнуваше својот роденден. 9-ноември е ден посветен на ослободителите , учесници во народно ослободителната војна , кои во 1944 година го победија фашистичкиот окупатор и на велешани им ја донесоа многу посакуваната слобода.
Преживеаните учесници во НОВ од Велес беа примени од градоначалникот Аце Коцевски. По тој повод гости на велешани им беше евроамбасадорот Ерван Фуере и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
Во Ликовниот салон беше отворена изложба со делата на уметниците кои годинава учествуваа на сликарско – копаничарската колонија „Папрадишки мајстори" по што во новата зграда на локалната библиотека „Гоце Делчев" беше откриен споменикот на Кочо Рацин подарок од академик Томе Серафимовски.
Свечената седница на Советот на општината се одржа 18 часот кога на годинешните добитници им беа доделени деветоноемвриските признанија.
Вечерта на 9 ноември заврши со настапот на македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски. На сите овие настани присуствуваа членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“.