60 години СИМ

60 години сеќавања, авантура и дружба со природата, Сојузот на извидници  на Македонија го прослави својот јубилеј. Иако за разлика од порано бројот  на извидници се намалува, последниве две години интересот на младите расте,  заедно со ентузијазмот на оние кои останале дел движењето. „Во 2013 година приказната наречана извидништво пишува нови страници.  Со товар од искуство тежок 60 години СИМ започнува нова ера на извидништвото во  Р. Македонија“, истакнуваат од Сојузот. Оттаму додаваат и дека годините поминале во континуирана работа со младите,  во градење на нивниот карактер, но и во непрекинат разговор со природата. Јубилејот е големо достигнување, а нивната идна цел е да ги мотивираат  младите да станат дел од движењето.

Со цел одбележување на јубилејот, на 23-ти февруари 2013 год, (сабота)  Сојузот на извидниците организираше  низа активности во центарот на Скопје, кои  ќе кулминираат со извидничкиот марш во Жена Парк. Прославата се одбележува со неколку програми, како активности за  најмладите извидници, јавен настан, краток марш, свечено давање заклетва и свечен  прием на гостите. Според неофицијална статистика, во земјава има околу 2.000 извидници. Свечената академија се одржа во основното училиште “Ј.Х. Песталоци“  во Скопје на која што учество земаа повеќе од 500 извидници од сите извиднички одреди од  Република Македонија. Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ на прославата зема учество со  15 извидници и старешинството на одредот во целост. На самата прослава одредот од Велес доби Плакета за 60 годишно партиципирање во СИМ.- „Извидништвото е движење, а движењето е вечно!“

 

                      

 

                                           

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.