Старешинството на извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес на својата редовна седница одржана на 27 февруари 2008 год. донесе одлука за одбележување на 55 години Извидничко движење во Велес (1953 – 2008). Прославата ке се одржи во спортската сала при средното општинско економско училиште “Јовче Тесличков” (поранешно основно училиште “Трајко Андреев”) со почеток во 11.00 часот на 19 април 2008 година.